Трајковски заминува од репрезентацијата: „Со крената глава и полно срце… Се повлекувам“

Репрезентативецот на Македонија, Александар Трајковски, соопшти дека се повлекува од играње во националниот тим. Трајковски истакна дека во изминатиот период, неговиот труд и залагање не биле доволно вреднувани

Прегледи:

Датум:

Репрезентативецот на Македонија, Александар Трајковски, соопшти дека се повлекува од играње во националниот тим. Трајковски истакна дека во изминатиот период, неговиот труд и залагање не биле доволно вреднувани.

„Од првиот ден кога го облеков дресот, знаев дека тоа не е само обврска – туку чест, гордост и одговорност која не може да се опише со зборови. Да ја претставуваш својата земја, својот народ, своето семејство… Тоа е нешто што се чувствува, не се објаснува. Секој повик во репрезентацијата за мене беше како прв. Истата возбуда, истата трема, истата желба да дадам сè од себе. Секој натпревар беше битка, секој гол – момент кој ќе го носам во срцето засекогаш. Но повеќе од сè, ќе ги паметам луѓетo,соиграчите кои станаа браќа, кои веруваа во мене и сите оние кои беа дел од ова патување.

Имаше и тешки моменти… Порази кои болеа, но и победи кои не учеа што значи вистинска радост. Во сите тие моменти, едно нешто никогаш не се промени – љубовта кон дресот и желбата да се даде максимумот за нашата земја. Сепак, во изминатиот период чувствувам дека мојот труд, и залагање не беа доволно вреднувани. Посебна благодарност до навивачите, вие бевте нашата сила кога беше најтешко, нашиот ветер во грб кога ни требаше најмногу.

Ова не е лесна одлука…Заминувањето боли, но истовремено носи и гордост. Гордост што имав чест да бидам дел од оваа репрезентација и да го носам овој дрес со срце. Репрезентацијата не е само тим – тоа е семејство..Ви благодарам на сите за довербата, подршката и љубовта низ сите овие години. Ви благодарам што ми дозволивте да го живеам мојот сон. Со крената глава и полно срце… Се повлекувам“, стои во обраќањето на Трајковски до јавноста.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...