Бецеки со трета победа по ред во МотоГП

Бецеки е првиот возач кој има серија од пет победи, од кои секоја ја водеше од првиот до последниот круг

Прегледи:

Датум:

Победник на Големата награда на Америка во класата Мото ГП, во третата трка од сезоната, е Марко Бецеки! Три трки, три победи и рекорд по број на последователни кругови во кои беше лидер на трката. Бецеки го сруши тој рекорд на средина од трката кога го започна 104-от последователен круг во кој беше лидер.

Ова е петта последователна победа на Бечеки и петта трка во која беше во водство од првиот до последниот круг.

Хорхе Мартин и Педро Акоста му се придружија на подиумот. Победата на Априлија беше целосна во Остин во неделата вечерта.

Бецеки е првиот возач кој има серија од пет победи, од кои секоја ја водеше од првиот до последниот круг.

Најмногу последователни победи – 10 – ги држи Марк Маркез, по него следува Валентино Роси кој имаше седум. Маркез, исто така, имаше една серија од седум последователни победи. Роси имаше две серии од пет победи, Маркез една. А сега и Бецеки се придружи на друштвото на двајца вистински великани.

По три трки, Марко Бецеки е лидер во генералниот пласман со 81 бод. Хорхе Мартин е втор со 77, Педро Акоста е трет со 77, а Фабио ди Џанантонио е четврти со 50.

За следната трка ќе мора да почекаме до 24 април и пристигнувањето на караванот на Мото ГП во Шпанија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...