Трансферот на Едерсон на „Олд Трафорд“ се уште не е финализиран

Манчестер Јунајтед сè уште не го финализира официјално потпишувањето на бразилскиот играч од средниот ред Едерсон од Аталанта, бидејќи „Црвените ѓаволи“ сакаат да ја проценат здравствената состојба на играчот со втора серија медицински тестови на англиска почва, објави експертот за трансфери Фабрицио Романо на социјалните мрежи

Прегледи:

Датум:

Манчестер Јунајтед сè уште не го финализира официјално потпишувањето на бразилскиот играч од средниот ред Едерсон од Аталанта, бидејќи „Црвените ѓаволи“ сакаат да ја проценат здравствената состојба на играчот со втора серија медицински тестови на англиска почва, објави експертот за трансфери Фабрицио Романо на социјалните мрежи.

„Црвените ѓаволи“ постигнаа принципиелен договор и со сегашниот клуб на играчот, Аталанта, и со самиот играч пред неколку недели.

Едерсон веќе успешно ја помина почетната серија медицински тестови пред да се приклучи на кампот на бразилската репрезентација за Светското првенство.

Се очекува Бразилецот да пристигне во Англија за дополнителни тестови, по што договорот ќе биде официјално потврден. Според извештаите, сите потребни документи за неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед се веќе подготвени и се чекаат само конечните потписи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

УЕФА ѝ даде рок на ФИФА до 2 ноември: Се бараат одговори за Инфантино и контроверзните одлуки

Европската фудбалска федерација (УЕФА) побара од Меѓународната фудбалска федерација...

Што пие Халанд?! Ова е новиот омилен пијалок на Норвежанецот

Ерлинг Халанд сподели фотографија од себе како пие необичен...

Браун: Мекларен имаше тешка сезона, но напредуваме

Одбраната на титулата кај конструкторите беше тежок тест за...