Тренерот на ФК Охрид доби забрана за вршење функција во траење од 1 месец.

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки за поведување дисциплински постапки и изрекување казни за фудбалери и официјални лица од натпреварувањата во рамки на ФФМ

Прегледи:

Датум:

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки за поведување дисциплински постапки и изрекување казни за фудбалери и официјални лица од натпреварувањата во рамки на ФФМ.

Поведени дисциплински постапки

-Против ФК Башкими поради слаба организација на натпреварот од 9. коло во Прва МФЛ, меѓу ФК Башкими и ФК Струга Трим Лум.

-Против Муарем Муарем поради неовластено присуство во техничката зона за време на истиот натпревар.

-Против Дурим Хида поради попречување на официјални претставници на гостинската екипа при влез во службените простории на истиот натпревар.

Изречени дисциплински казни

-Ендрит Рустеми (ФК Шкупи 1927 АД) – забрана за настап на 1 натпревар.
-Стефан Бабунски (ФК Детонит) – забрана за настап на 1 натпревар.
-Трајче Ников (ФК Кожуф) – забрана за настап на 1 натпревар.
-Христијан Торнески (ФК Новаци) – забрана за настап на 1 натпревар.
-Ромео Кочоски (тренер на ФК Охрид) – забрана за вршење функција во траење од 1 месец.
-Валентин Кочоски (ФК Охрид) – забрана за настап на 2 натпревари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Прифати специјална покана: Ѓоковиќ се враќа во Базел по 15 години

Новак Ѓоковиќ ќе игра на АТП 500 турнирот во...

Евролигата планира да распредели 3,4 милијарди евра на учесниците и да се прошири во следните 10 години

Раководството на Евролигата објави дека планира да распредели 3,4...

Коке се повреди, под знак прашалник за Барселона и Баерн

Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, нема да може да...

Медведев го победи Пoл и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во полуфиналето на...