Медведев го победи Пoл и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, откако го победи Американецот Томи Пол со 2:1 (6:3, 1:6, 6:3) по три сета

Прегледи:

Датум:

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, откако го победи Американецот Томи Пол со 2:1 (6:3, 1:6, 6:3) по три сета.

Медведев добро го отвори мечот и двапати направи брејк на сервисот на својот ривал во првиот сет. Сепак, Пол имаше можност да се врати веднаш по првиот брејк, но не искористи дури седум брејк топки, па Русинот успеа да ја зачува предноста.

На крајот од првиот сет, Медведев повторно направи брејк и поведе со 1:0.

Американецот возврати во вториот сет, во кој целосно ја презеде контролата. Тој направи брејк на сервисот на Медведев три пати и го израмни мечот на 1:1 со убедливи 6:1.

Сепак, Русинот повторно го пронајде вистинскиот ритам во решавачкиот сет. Направи брејк веднаш на почетокот, а следеше уште еден во деветтиот гем, со што дефинитивно го скрши отпорот на Пол и обезбеди место меѓу најдобрите четири тенисери на турнирот.

Медведев во полуфиналето ќе се соочи со шпанскиот тенисер Рафаел Ходар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Манчестер Сити 10 години без европски натпреварувања?!

Фудбалерите на Манчестер Сити се брилијантни оваа сезона во...

Усик планира нови борби со Фјури и Бенавидез?

Олександр Усик нема намера да ја заврши својата професионална...

Прифати специјална покана: Ѓоковиќ се враќа во Базел по 15 години

Новак Ѓоковиќ ќе игра на АТП 500 турнирот во...

Евролигата планира да распредели 3,4 милијарди евра на учесниците и да се прошири во следните 10 години

Раководството на Евролигата објави дека планира да распредели 3,4...