Тухел предупредува: Не знам дали ќе го водам Фоден на Светското

Проблематичната форма на Фил Фоден во Манчестер Сити се „прелеа“ и на репрезентацијата на Англија, тврди селекторот на „Гордиот Албион“ Томас Тухел.

Прегледи:

Датум:

Проблематичната форма на Фил Фоден во Манчестер Сити се „прелеа“ и на репрезентацијата на Англија, тврди селекторот на „Гордиот Албион“ Томас Тухел.

Германецот го повика во репрезентацијата за пријателските натпревари против Уругвај и Јапонија во обид да се етаблира за претстојното Светско првенство, но се чини дека ова навистина не вроди со плод.

„Тој даде сè од себе. Би рекол дека беше добар на тренинзите, но се мачеше да го покаже тоа на натпреварите. Во последно време немаше многу минути за Манчестер Сити. Но, дојде на средбата со голема насмевка и беше многу добар на тренинзите, па мислев дека ќе нè изненади и ќе игра со истата страст и возбуда, но се мачеше да биде влијателен“, рече Тухел.

Кога новинарите го прашаа како може да го однесе играчот на Светското првенство кој се мачи во клубот, Тухел даде интересен одговор.

„Можеме. Но, прашањето е дали ќе го сториме тоа. Не е гарантирано дека ќе дојде со нас. Ќе видиме“, рече германскиот стручњак.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...