Вардар го промовираше Фабијани за нов тренер

Аргентинецот Кристијан Фабијани денеска беше промовиран како нов тренер на македонскиот шампион Вардар

Прегледи:

Датум:

Аргентинецот Кристијан Фабијани (42) денеска беше промовиран како нов тренер на македонскиот шампион Вардар.

Според тимот, Фабијани пристигнува „со богато фудбалско и тренерско искуство и со јасна визија – модерен, офанзивен и дисциплиниран фудбал“.

Оттаму додаваат дека тој е „човек кој носи јужноамериканска енергија, страст и амбиција да го подигне Вардар на уште повисоко ниво“.

Неговата тренерска кариера ги вклучува водењето на Феникс де Пилар, Депортиво Риестра, Депортиво Мерло и за последно во Њуелс Олд Бојс.

Како фудбалер има настапувано, меѓу другите, за Ланус, Ривер Плата, Њуелс Олд Бојс во Аргентина, а има искуство во Европа во ЦФР Клуж.

Се пензионираше во 2020 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...