Вардар се врати на лидерската позиција по триумфот над Шкупи со 7:0

Фудбалскиот клуб Вардар повторно е лидер во домашниот шампионат. Вчера Шкендија обезбеди висока и убедлива победа во Кавадарци, а денеска Вардар на комплексот Петар Милошевски во Скопје, против Шкупи освои рутински три бода со конечни 7:0.

Прегледи:

Датум:

Фудбалскиот клуб Вардар повторно е лидер во домашниот шампионат. Вчера Шкендија обезбеди висока и убедлива победа во Кавадарци, а денеска Вардар на комплексот Петар Милошевски во Скопје, против Шкупи освои рутински три бода со конечни 7:0.

Вардар повторно е лидер со 68. бодови, пред Шкендија со 67.

Пелистер конечно одигра натпревар на кој доминираа од првата до последната минута и не оставија простор за сомнеж кој ќе ги однесе трите бода на мечот со Македонија ЃП (2:0).

Скопскиот тим е традиционално тежок противник за Пелистер, но домашните успеаја да креираат иницијатива од почеток и да создадат повеќе шанси од кои можеа да постигнат гол.

Со овие три бода Пелистер сега е на 9. место на табелата со 29 бода, а зад него се трите позиции кои водат во ВМФЛ. Во моментов, Работнички има 25 бода (и натпревар помалку), Македонија ЃП е претпоследна со 24 и Шкупи има само еден бод.

Во следното коло Македонија ЃП е домаќин на Работнички, а Пелистер гостува кај Брера.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...