ТФТ го победи МЗТ со кош во последните секунди

Успешните игри на кошаркарите на ТФТ продолжија и во домашниот шампионат.

Прегледи:

Датум:

Успешните игри на кошаркарите на ТФТ продолжија и во домашниот шампионат.

Мотивирани од успехот во втората АБА лига, во кој обезбедија место во финалето, „црно-белите“ во домашното првенство го победија и актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 93:91 (43:41) во дербито на 2. коло од ТОП 6 фазата на „МТЕЛ“ Супер лигата.

Во последната четвртина тие надополнија негатива од 16.поени во која беа во третиот период, а репрезентативниот бек, Виктор Ташовски погоди неверојатна тројка на осум секунди до крајот, вредна триумф, кој многу извесно ќе го остави ТФТ на првото место до крајот на ТОП 6 сегментот.

Токму Ташовски со 27 поени, три скока и три асистенции беше најдобриот поединец на дерби-дуелот. Гордон реализираше 19, а Говенс уште 16 поени, осум асистенции и шест скокови.

Во редовите на МЗТ Скопје, кој на три кола пред крајот на оваа фаза заостанува два чекори зад лидерот, Војдан Стојановски и Смит Мексвејн постигнаа по 18 поени.

Крстевски уфрли 12, а Петков уште 11.поени.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...