Вардар убедлив во дуелот против Македонија ЃП, Шкендија со „кикс“ во битката за титулата

Екипата на Вардар остана лидер во прволигашката конкуренција откако денеска на Арената Тодор Проески во Скопје успеа да слави со 5:1 против градскиот ривал Македонија ЃП.

Прегледи:

Датум:

Екипата на Вардар остана лидер во прволигашката конкуренција откако денеска на Арената Тодор Проески во Скопје успеа да слави со 5:1 против градскиот ривал Македонија ЃП.

Поголемиот дел од мечот мина во доминација на Вардар. Непромислените два едноподруго жолти картони на Кабаркас ја остави Македонија ЃП со десет играчи рано во дуелот

Торес постигна два, Велковски, Николов и Кастенда по еден за убедливата победа на „црвено-црните“. Галевски успеа да реализира еден гол за ѓорчепетровци.

Екипата на Пелистер успеа да победи на гостувањето кај Шкендија во Тетово, и со тоа да направи огромен чекор кон опстанокот во Првата лига.

За тетовскиот тим, пак, ова беше голем „кикс“ во битката за титулата оваа сезона.

Спировски го совлада Гаје и донесе водство за гостите во 36 минута. Пред крајот на полувремето Шкендија ја анулираше предноста. Зејнулаи почна акција по средината, додаде до Ибраими кој од левата страна шутираше прецизно во долниот лев агол на голот на Пелистер. Пелистер во 92. минута од средбата преку Керим го совлада Гаје за водство и за голема победа на Пелистер од Тетово.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...