Винисиус ги отстрани дилемите: Ќе го продолжам договорот со Реал, тоа е мојот клуб од соништата

Винисиус Жуниор одлучи да стави крај на неоснованите медиумски шпекулации и објави дека ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид

Прегледи:

Датум:

Винисиус Жуниор одлучи да стави крај на неоснованите медиумски шпекулации и објави дека ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид.

Оваа вест ексклузивно ја објави познатиот инсајдер Фабрицио Романо, кој ја пренесе и изјавата на бразилскиот ас.

„Кога ќе дојде вистинското време, ќе го продолжам договорот со Реал Мадрид и ќе останам тука долго време. Реал Мадрид е клубот од моите соништа“, рече Винисиус.

Во последните месеци, разни портали објавија „ексклузиви“ за заминувањето на Винисиус од Реал, а Бразилецот објасни и зошто сè уште не ја продолжил соработката со „Кралевите“.

„Имам уште една година од договорот, но сум многу смирен кога станува збор за преговори. Имам доверба од претседателот Флорентино Перез. Исто така, имам посебна врска со тренерот Арбелоа, исто како што имав и со Анчелоти. Тренерот секогаш јасно ми кажуваше што сака од мене и секогаш сум го давал својот максимум, и ќе продолжам да го правам тоа“, рече Винисиус.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...