Закариќ, Велковски, Мишковски и Дурански продолжуваат со Вардар, Сенгор си заминува

ФК Вардар соопшти денеска дека Горан Закариќ, Методија Велковски, Ненад Мишковски и Филип Дурански постигнаа договор за продолжување на соработката со клубот до 30.06.2027 година

Прегледи:

Датум:

ФК Вардар соопшти денеска дека Горан Закариќ, Методија Велковски, Ненад Мишковски и Филип Дурански постигнаа договор за продолжување на соработката со клубот до 30.06.2027 година.

Од друга страна, соработката со фудбалерот Фаустин Сенгор е завршена, по заеднички договор.

„Во името на клубот, му благодариме за неговиот ангажман, професионалниот однос и придонесот додека го носеше дресот на ФК Вардар. На Сенгор му посакуваме многу здравје и успех во понатамошниот тек од неговата фудбалска кариера“, соопштија од клубот.

Со победата во Струга пред три дена, Вардар и официјално ја обезбеди шампионската титула на едно коло пред крајот на сезоната во ПМФЛ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...