„Златната топка“ предизвика скандал во Англија, ја нарекува битката за титулата „нефер“

Прегледи:

Датум:

Капитенот на Манчестер Сити, Родри, е главна тема на разговор откако неговите коментари за натпреварот во неделата со Тотенхем станаа вирални.

Освојувачот на „Златната топка“ во 2024 година го поддржа ставот на менаџерот Пеп Гвардиола по драматичното реми 2-2 во Лондон, велејќи дека првиот гол на домаќините бил офсајд и дека е необјасниво како бил дозволен дури и по интервенцијата на ВАР.

И за секој објективен љубител на фудбалот, ситуацијата беше целосно збунувачка.

Доминик Соланке од Тотенхем го шутна Марк Гехи од Сити по нозете, од каде што топката заврши во мрежата, а дефанзивецот остана да лежи повреден. Како ова не беше фаул, туку досуден гол…?

„Мислам дека работите се очигледни“, рече Родри во микс зона, а неговите зборови беа објавени во неколку весници во Англија.

„Некои луѓе не сакаат Сити да биде шампион. Тоа ја прави борбата за титулата неправедна, не сме под еднакви услови.“, истакна тој.
Арсенал води со 6 бода разлика пред тимот на Родри и Гвардиола, а остануваат 14 кола до крајот на сезоната.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/OneFootball

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...