🎬Што се случуваше во 01:00 часот пред хотелот на Реал Мадрид во Минхен?

Баерн го пречекува Реал Мадрид во 21 часот во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Германскиот шампион победи со 2-1 кај Реал Мадрид во првиот натпревар

Прегледи:

Датум:

Баерн го пречекува Реал Мадрид во 21 часот во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Германскиот шампион победи со 2-1 кај Реал Мадрид во првиот натпревар.

Ноќта пред реваншот, навивачите на Баерн изведоа акција за да го одвлечат вниманието и да ги разбудат играчите на Реал Мадрид. Тие фрлаа петарди и запалија огномет пред хотелот во Минхен каде што престојуваше Реал Мадрид.

Ова го снимија шпански новинари кои дојдоа во Германија за да известуваат за натпреварот. Снимката покажува дека над хотелот и во близина на највисоките катови од зградата бил запален огномет. Шпанците додадоа дека обезбедувањето распоредено околу хотелот тргнало во потрага по оние кои го запалиле огнометот.

Подобриот од двојката Баерн и Реал ќе се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што ги чека ПСЖ, актуелниот победник на натпреварувањето.

Другиот полуфинален пар ќе биде Атлетико Мадрид и победникот од двојката Арсенал – Спортинг Лисабон.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...