📊CIES: Костов убедливо највреден играч во регионот

Меѓународната фудбалска опсерваторија (CIES) со седиште во Нојшател, Швајцарија, објави листа на највредни играчи во регионот

Прегледи:

Датум:

Меѓународната фудбалска опсерваторија (CIES) со седиште во Нојшател, Швајцарија, објави листа на највредни играчи во регионот.

Првото место е за асот на Црвена Звезда, Василије Костов. Вредноста на суперталентираниот играч за врска е дури 21,9 милиони евра.

Втората и третата позиција ги заземаат двајца играчи на Динамо, Дион Бело (14,3 милиони) и Серхи Домингез (10,4 милиони). На четвртото место е уште еден играч на „црвено-белите“, Даглас Овусу (8,6 милиони).

Меѓу првите десет се дури четворица играчи на Партизан: Никола Симиќ (7,9), Огњен Угрешиќ (7,2), Андреј Костиќ (6,8) и Милан Рогановиќ (6,4).

Седмото место го дели со Костиќ уште еден тинејџер, Василије Новиќ, чија вредност исто така се проценува на 6,8 милиони евра.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...