Фенербахче ја прекина соработката со еден од најдобрите стрелци во Евролигата!

Фенербахче одлучи да ја прекине соработката со Скоти Вилбекин, кој одигра само седум натпревари во Евролигата за „канаринците“

Прегледи:

Датум:

Фенербахче одлучи да ја прекине соработката со Скоти Вилбекин, кој одигра само седум натпревари во Евролигата за „канаринците“.

Вилбекин беше попречен од повреда на Ахиловата тетива. Во првиот натпревар од минатата сезона, Вилбекин падна на земја и ја заврши сезоната. Тој не се наметна на Шарунас Јасикевичиус, па затоа прекинот на соработката беше природна работа. Фенербахче се огласи за прекинот на соработката со Американецот кој има турски пасош.

„Ти благодарам за сè, Скоти. Фенербахче и Вилбекин се согласија за пријателско прекинување на соработката. Скоти е кошаркар кој пристигна во составот во 2022 година и придонесе за многу од успесите што ги видовме во изминатите четири сезони што ги играше во нашиот дрес. Ти благодариме Скоти за сè што направи и ти посакуваме среќа во остатокот од твојата кариера“, стои во соопштението на турскиот тим.

Вилбекин имаше исклучителна европска кариера. Својата професионална кошаркарска кариера ја започна во Австралија, поточно со Кернс Тајпанс. Својот прв европски ангажман го имаше со АЕК, пред да блесне во дресот на Дарушафа. Потоа го носеше дресот на Макаби Тел Авив од 2018 до 2022 година.

Играше за Фенербахче во Истанбул од 2022 до 2026 година. Ги носеше и боите на Турција и играше на Светското првенство во 2019 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...