Манчестер Сити го продаде Тиџани Рејндерс на саудискиот клуб Ал-Кадсија за 61 милион евра. 28-годишниот играч од средниот ред играше за „граѓаните“ само една сезона. Тој пристигна на „Етихад“ минатото лето и запиша 50 настапи, постигнувајќи седум гола.
مرحباً أهل الخُبر 👋🏻 مرحباً جمهور @alqadsiah ❤️💛 pic.twitter.com/L9V9an0p4n
— Tijjani Reijnders (@T_Reijnders) August 19, 2026
Манчестер Сити го привлече Рејндерс од Милан за околу 55 милиони евра. „Росонерите“ сега ќе добијат 14 милиони како дел од договорот. Во својот нов клуб, Рејндерс ќе игра под водство на Брендан Роџерс. Ал-Кадсија прави силен избор, откако ова лето потпиша и со Матео Ретеги.
„Имав неверојатна привилегија да играм за Манчестер Сити и уживав во секоја минута од тоа“, рече играчот од средниот ред. „Откако пристигнав, сите во клубот – играчите, тренерите и персоналот – ме натераа да се чувствувам добредојден и како дел од семејството на Манчестер Сити. Исто така, би сакал да им се заблагодарам посебно на навивачите на Сити кои беа толку топли и ме поддржуваа мене и моето семејство. Да се биде дел од тимот што освои два толку посебни трофеи минатата сезона беше неверојатно искуство и достигнување кое ќе го паметам засекогаш. Иако си заминувам, Манчестер Сити секогаш ќе има посебно место во моето срце.“
Tijjani Reijnders has joined Al Qadsiah on a permanent deal, subject to international clearance.
All the best, @T_Reijnders 🩵 pic.twitter.com/A11q2S0Vce
— Manchester City (@ManCity) August 19, 2026


