📸Историски натпревар за Џејмс Милнер и англискиот фудбал

Натпреварот сепак ќе остане запишан во историјата по достигнувањето на Џејмс Милнер, кој го сруши рекордот на Гарет Бери за најмногу одиграни натпревари во англиското првенство

Прегледи:

Датум:

Брајтон победи со 2-0 на гости кај Барнли во натпревар од 27-то коло од Премиер лигата. Двата гола за „галебите“ паднаа во првото полувреме и беа дело на Диего Гомез (30’) и Дени Велбек (45+1’). Ова беше само втор успех за тимот од декември.

Натпреварот сепак ќе остане запишан во историјата по достигнувањето на Џејмс Милнер, кој го сруши рекордот на Гарет Бери за најмногу одиграни натпревари во англиското првенство. 40-годишниот играч од средниот ред го запиша својот 654-ти натпревар во елитата, што е веќе еден повеќе од Бери.

Милнер дебитираше во 2002 година, кога имаше само 16 години, со тимот на Лидс. Во својата кариера, тој играше и за Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити и Ливерпул.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...

🎥Аматеризам: Милиметри ги делеа Сити и Донарума од бизарен автогол

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, речиси направи кардинална...

Нов удар за Реал Мадрид: Кукуреља неизвесен за натпреварот со Интер во Лигата на шампионите

Брилијантниот лев бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, беше...