📽️Атлетико Мадрид и Орландо Сити го објавија договорот со Гризман

Антоан Гризман официјално потпиша двегодишен договор со Орландо Сити, со опција за дополнителни 12 месеци. Тој ќе се приклучи на својот нов тим во јули

Прегледи:

Датум:

Антоан Гризман официјално потпиша двегодишен договор со Орландо Сити, со опција за дополнителни 12 месеци. Тој ќе се приклучи на својот нов тим во јули. Американскиот клуб сакаше да го потпише овој месец, но Гризман одлучи да ја заврши сезоната со Атлетико Мадрид, обидувајќи се да го освои Купотт и да стигне што подалеку во Лигата на шампионите со „јорганџиите“.

По дербито со Реал Мадрид, тој доби дозвола од Атлетико да отпатува во Флорида и да го финализира својот трансфер. Двата клуба објавија дека тој веќе го потпишал договорот.

Гризман ќе го носи својот омилен дрес со број 7, а според непотврдени извештаи, ќе добива околу 10 милиони евра годишно, што значи дека ќе биде вториот најплатен играч во МЛС по Лионел Меси.

Гризман објави посебна изјава во која се збогува со навивачите на Атлетико.

„Не е лесно да се опишат чувствата со зборови, бидејќи овој клуб е мој дом, а вие сте мое семејство. Беше неверојатно патување, полно со незаборавни натпревари, голови, радости и страст што само оние што го чувствуваат Атлетико можат да ја разберат. Но, да ја оставиме иднината засега, бидејќи сè уште не си одам. Сè уште имам уште неколку месеци со овој дрес, месеци во кои ќе дадам сè за да го кренам Купот и да стигнам што е можно подалеку во Лигата на шампионите. Сè уште имаме многу можности да бидеме среќни. Сакам секоја минута што ми останува тука да биде почит кон овој амблем. Ќе го направиме тоа заедно, како и секогаш. Мојата сегашност е сè уште црвено-бела до последниот момент од оваа сезона. И моето срце ќе биде засекогаш такво“, рече Гризман.

Во врска со својот нов клуб, Французинот рече:

„Многу сум возбуден штогоа започнувам следното поглавје од мојата кариера со Орландо Сити. Од моите први разговори со клубот, почувствував силна амбиција и јасна визија за иднината и тоа навистина ме привлече. Едвај чекам да го направам Орландо мој нов дом, да се сретнам со навивачите, да ја почувствувам енергијата на стадионот Интер&Ко и да дадам сè од себе за да му помогнам на тимот да постигне големи работи.“

Гризман, кој сега има 35 години, помина 10 сезони во Атлетико Мадрид, поделени во два периода, станувајќи најдобар стрелец на клубот на сите времиња со 211 гола и освојувајќи ја Лигата на Европа, Суперкупот на УЕФА и Суперкупот на Шпанија.

Неговиот договор со Атлетико требаше да истече во јуни 2027 година, но клубот ќе го пушти во Орландо Сити како слободен трансфер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...