🎥 Џордан: Кој е GOAT? Бесмислена дебата…

Мајкл Џордан, најпопуларниот и, според многумина, најдобриот кошаркар на сите времиња, имаше интересен одговор на прашањето кој е кошаркарскиот GOAT

Прегледи:

Датум:

Мајкл Џордан, најпопуларниот и, според многумина, најдобриот кошаркар на сите времиња, имаше интересен одговор на прашањето кој е кошаркарскиот GOAT (Најдобар на сите времиња – н.з.).

Иако тој е често првиот што ќе ви падне на ум, неговото височество вели дека не е толку лесно да се процени.

„Никогаш нема да го најдете точниот одговор на тоа прашање. Никогаш. Луѓето сакаат да зборуваат за тоа, да дебатираат за тоа, да се вртат во круг, но нема точен одговор“, рече славниот Џордан, а потоа дополнително објасни:

„Што значи најдобриот во историјата (GOAT)? Тоа не постои за мене. Сите го знаеме влијанието што Леброн или Коби го имаа врз играта. Секој играч што се појави ја подобри кошарката. Сепак, не треба да ги заборавиме ниту оние што дојдоа пред нив, од кои учеа.“

Легендата на Чикаго Булс вели дека жали за едно нешто.

„Сакам да можев да играм против Леброн или Коби кога бев во најдобра форма. Но, никогаш нема да знаеме што ќе се случеше. Немам непријателство кон денешните асови, но некои имаат затоа што забораваат колку придонеле.“

Џордан на крајот вели дека „луѓето лесно забораваат работи“

„Каква игра имаше Џабар, Вилт Чемберлен, Бил Расел со 11 титули… Ги туркаме настрана, ги забораваме, велиме дека ги нема во приказната. Нема никаква смисла. Затоа целата дебата за GOAT ми е бесмислена.“, истакна тој.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...