Грчкиот кошаркарски клуб Панатинаикос троши најмногу пари за плати на играчите во Евролигата, односно околу 27.000.000 евра, објави „Basketnews“.
На второ место е најголемиот ривал на „зелените“, Олимпијакос, кој троши околу 22.500.000 евра.
Хапоел е на третото место со околу 20.000.000 евра, а Реал Мадрид е на четвртото место со околу 19.000.000 евра.
Овие бројки не се однесуваат на вкупниот буџет на клубот, туку на платите на играчите по даноците и не ги вклучуваат вкупните оперативни трошоци на клубовите.
1. Панатинаикос 26,5 – 27 милиони евра
2. Олимпијакос 22 – 22,5 милиони евра
3. Хапоел Тел Авив 19,5 – 20 милиони евра
4. Реал Мадрид 18,5 – 19 милиони евра
5-6. Анадолу Ефес 18 – 18,5 милиони евра
5-6. Дубаи 18 – 18,5 милиони евра
7-8. Фенербахче 16 – 16,5 милиони евра
7-8. Црвена звезда Белград 16 – 16,5 милиони евра
9-10. Партизан 14,5 милиони евра
9-10. Барселона 14,5 милиони евра
11-12. Монако 13,5 – 14 милиони евра
11-12. Олимпија Милано 13,5 – 14 милиони евра
13. Валенсија 9,5 милиони евра
14. Макаби Тел Авив 9 – 9,5 милиони евра
15. Баерн Минхен 9 милиони евра
16. Жалгирис 8,5 – 9 милиони евра
17. Басконија 8 – 8,5 милиони евра
18. Париз 8 милиони евра
19. Виртус 7,5 – 8 милиони евра
20. Асвел 4,5 – 5 милиони евра


