АБА 2 ЛИГА: ТФТ го победи Златибор и се избори за „мајсторка“

Екипите на ТФТ и Златибор ќе играат трет натпревар во четвртфиналната серија од плеј-офот во АБА 2 лигата

Прегледи:

Датум:

Екипите на ТФТ и Златибор ќе играат трет натпревар во четвртфиналната серија од плеј-офот во АБА 2 лигата. Вечерва во вториот одигран дуел во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, македонскиот претставник победи со 87:79 (33:49) против подоброрангираниот состав.

Иако гостите од Златибор на полувремето имаа водство од +16, второто беше целосно во знакот на македонскиот тим. На крајот на третата четвртина резултатот на семафорот гласеше 60:67, а само две и пол минути игра во последниот дел, ТФТ изедначи на 67:67. По тројката на Говенс, на средина од тој период, веќе тимот го презеде и водството (75:73).

Дејвис беше најефикасен и забележа 24 поени, седум скока и шест асистенции, а помогнаа Гордон со 16, Говенс со 15 и Зафиров со 13.

„Мајсторката“ ќе се игра на 31 март по која ќе се знае полуфиналистот во ова регионално натпреваруавње.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...