Аларм во Атина: Само што се врати, Кендрик Нан е под знак прашалник

Панатинаикос повторно би можел да биде без својот најдобар играч, непосредно пред дуелот со Париз во 29-то коло од Евролигата

Прегледи:

Датум:

Панатинаикос повторно би можел да биде без својот најдобар играч, непосредно пред дуелот со Париз во 29-то коло од Евролигата.

Кендрик Нан е под знак прашалник за неговиот настап во четврток (20:45) поради лоша настинка што го принуди да го пропушти тренингот денеска, објави Eurohoops. Неговото отсуство практично би ги преполовило опциите за бек во „зелената“ ротација, бидејќи Василис Толиопулос доби дозвола да се приклучи на грчката репрезентација во квалификациите за Светското првенство.

Ергин Атаман не смета сериозно на Панајотис Калаицакис, што значи дека на располагање му остануваат Ти Џеј Шортс, Костас Слукас и Јеријан Грант. Сè уште има тешка артилерија, но седумкратниот европски шампион не може да си дозволи уште еден кикс против францускиот тим.

Тимот од Атина моментално го зазема деветтото место на табелата со резултат од 16-12, исто како и Жалгирис, Монако и Црвена Ѕвезда од Белград. Плејоф зоната е само на една победа, а времето истекува, сега секој триумф вреди двојно.

Одличниот Американец веќе пропушти шест последователни натпревари поради повреда на глуждот, а се врати на теренот во пресметката со Фенербахче во претходното коло. Актуелниот МВП на најсилното европско натпреварување има просек од 19,3 поени, 3,1 скока и 3,6 асистенции по натпревар оваа сезона, со одличен процент на шут (91% од поле, 57% за два, 39% за три).

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...

Месина: Не можам да замислам дека НБА сака да ја колонизира Евролигата

Легендарниот тренер, Еторе Месина разговараше со италијанскиот весник „Газета...

Тенискиот свет во шок! Швјонтек нема да настапи на завршниот ВТА турнир!

Ига Швјонтек се повлече од турнирот ВТА 500 во...