Медведев има идеја за револуција во тенисот

Малку спортови имаат толку долга сезона како тенисот. Започнува на првиот ден од јануари, можеби дури и неколку дена порано, а завршува кон крајот на ноември. И затоа не е изненадувачки што тенисерите често се жалат дека се уморни

Прегледи:

Датум:

Малку спортови имаат толку долга сезона како тенисот. Започнува на првиот ден од јануари, можеби дури и неколку дена порано, а завршува кон крајот на ноември. И затоа не е изненадувачки што тенисерите често се жалат дека се уморни.

Различните обиди да се промени ова не успеаја. Даниил Медведев, поранешниот светски број еден, ја претстави својата револуционерна идеја за тоа како да се променат работите во тенисот. Според него, на сите турнири под Мастерс не треба да им се доделуваат поени за АТП листата.

„Тоа е единствениот начин да се скрати календарот. Тоа никогаш нема да се случи, бидејќи има лиценци, а АТП нема доволно пари да ги купи сите. Турнирите сигурно нема да кажат: „Добро, се повлекуваме“, бидејќи тогаш губат пари. Се е бизнис. АТП календарот каков што е сега никогаш нема да се промени, или барем нема додека јас играм“, рече Медведев.

„Нека има четири Гренд слем турнири и 11 Мастерс турнири. А, на другите турнири, не добивате поени за листата. Сега сите ќе велат дека не сме обврзани да играме на што е можно повеќе турнири, но ако сакате да играте на завршниот Мастерс турнир, тогаш морате.“, продолжи тој.

Медведвед го даде својот пример.

„Минатата година играв на седум турнири по ред. Дали морав? Не. Играв многу лошо на почетокот на годината, но зедов 100 поени тука, 200 поени таму… Ако не се доделуваа поени на тие турнири, ќе ми беше многу полесно да одлучам“, објасни Медведев.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...