Атаман започна психолошка војна со Олимпијакос

Панатинаикос го победи ПАОК во полуфиналето на грчката лига, а по натпреварот, главниот тренер на „детелините“ Ергин Атаман му честиташе на Олимпијакос за титулата во Евролигата

Прегледи:

Датум:

Панатинаикос го победи ПАОК во полуфиналето на грчката лига, а по натпреварот, главниот тренер на „детелините“ Ергин Атаман му честиташе на Олимпијакос за титулата во Евролигата.

„Мислам дека сме подобар тим од Олимпијакос и ќе го покажеме тоа во финалето. Му честитам на Олимпијакос за освојувањето на Евролигата, но ние ќе го освоиме грчкото првенство. Имаме тројца повредени играчи. Тоа се Слукас, Рогавопулос и Калаицакис. Олимпијакос има толку многу странци во тимот, што имаат предност. Подготвени сме за титулата“, рече Атаман по успехот во Солун.

ПАО го освои само Купот на Грција оваа сезона, додека Олимпијакос триумфираше во Суперкупот и Евролигата, а ја брани и титулата шампион на Грција.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...