Берокал по триумфот над Луксембург: Ваквите победи носат самодоверба и се многу значајни за развојот на тимот

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја заврши првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 со максимален ефект, откако на гостувањето во Луксембург славеше со 80:66

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја заврши првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 со максимален ефект, откако на гостувањето во Луксембург славеше со 80:66.

По натпреварот, селекторот Жозеп Марија Берокал направи анализа на одиграното, потенцирајќи дека неговиот тим одиграл одлично прво полувреме, а падот во продолжението бил очекуван со оглед на ограничената ротација.

„Натпреварот имаше две различни лица. Во првото полувреме, кога имавме повеќе можности за ротација, игравме многу добро. Добро ја движевме топката, ја делевме одговорноста во нападот и одигравме квалитетна кошарка. Во второто полувреме беше очекувано Луксембург да реагира пред својата публика. Направија одредени тактички промени, а ние со скратената ротација почнавме да чувствуваме замор кај дел од играчите. Сепак, најважно е што се натпреварувавме сите 40 минути и на крајот заслужено победивме. Таквите победи носат самодоверба и се многу значајни за развојот на тимот“, изјави Берокал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...