Центарот на Лејкерси ќе игра заедно со Дончиќ за Словенија

Џексон Хејс, соиграчот на Лука Дончиќ од Лос Анџелес Лејкерс, доби словенечки пасош и ќе може да игра за словенечката репрезентација

Прегледи:

Датум:

Џексон Хејс, соиграчот на Лука Дончиќ од Лос Анџелес Лејкерс, доби словенечки пасош и ќе може да игра за словенечката репрезентација. Американецот на тој начин ќе му се придружи на Дончиќ во квалификациите за Светското првенство во 2027 година. Центарот на Лејкерси ја потврди веста за новинарите во Лос Анџелес на тренинг сесија пред вториот плејоф натпревар против Рокетс.

„Да, го добив пасошот. Лука постојано ме нарекува свој словенечки брат“, рече Хејс, кој откри во октомври дека аплицирал за словенечко државјанство и додаде дека сè уште не го зборува јазикот на својата нова репрезентација. „Не знам ниту еден збор. Па… всушност знам некои, но не ми е дозволено да ги кажам пред вас“, се пошегува тој.

Хејс (25) е центар висок 213 сантиметри и е роден во Норман, Оклахома. Тој беше избран како осми пик на НБА драфтот во 2019 година. Оваа сезона, тој има просек од 7,5 поени и 4,5 скока за 18,3 минути на теренот за „езерџиите“.

Откако официјално стана словенечки државјанин, Хејс има право да игра за Словенија во претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство во 2027 година, закажани за јули и август.

Словенија им дозволува на натурализираните државјани да играат за својата репрезентација.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...