📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на спектакуларен начин - Пистонс надоместија негатива од 22 поени пред своите домашни навивачи и го победија Бостон со 121:113

Прегледи:

Датум:

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на спектакуларен начин – Пистонс надоместија негатива од 22 поени пред своите домашни навивачи и го победија Бостон со 121:113.

Селтикс имаа големо водство од 72:50 на почетокот од третата четвртина, а во воведот од последната четвртина водеа со 99:89. Потоа дојде неверојатен одговор од Детроит, кој направи серија од 23:0 и целосно го сврти натпреварот.

Бостон се обиде да се врати во финишот, но домашните не дозволија уште еден пресврт.

Џејлен Дуран го предводеше Детроит со 22 поени и девет скока, Данкан Робинсон додаде 21, додека Кејд Канингем запиша 20 поени и осум асистенции. Аусар Томпсон го заврши натпреварот со 11 поени и исто толку скока.

На Бостон не му помогнаа 38 поени од Пол Џорџ, кој погоди седум тројки од 12 обиди. Џејсон Тејтум имаше 13 поени и 11 асистенции, но шутираше само 6/23 од поле, а од тројка не погоди ниту еднаш од седум обиди.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...