Димитријевиќ нов координатор на младинската школа на МЗТ Скопје

Поранешниот тренер во стручниот штаб на МЗТ Скопје, Саша Димитријевиќ, кој во меѓувреме работеше и како селектор на Македонија во речиси сите младински репрезентативни категории, е новиот координатор на младинската школа на МЗТ Скопје

Прегледи:

Датум:

Поранешниот тренер во стручниот штаб на МЗТ Скопје, Саша Димитријевиќ, кој во меѓувреме работеше и како селектор на Македонија во речиси сите младински репрезентативни категории, е новиот координатор на младинската школа на МЗТ Скопје.

Негова главна задача ќе биде целосна реорганизација и унапредување на работата на „фабриката за таленти“ на тимот од Аеродром.

„Заедно со управата на клубот и тренерите од младинската школа, Димитријевиќ ќе работи на подигнување на нивото и интензитетот на работа, како и на враќање на препознатливиот сјај на младинскиот погон на МЗТ Скопје – место каде што со години се создаваа врвни кошаркари.
Нашата цел е најталентираните млади кошаркари од целата држава уште од најрана возраст да го изберат МЗТ Скопје, каде што ќе добијат најдобри услови за работа, развој и напредок. Тоа ќе биде придобивка не само за нашиот клуб, туку и за македонската кошарка во целина“, соопштија од МЗТ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...