Ориол Реј Моралес го напушти ГРК Охрид, ќе игра за Висла Плоцк

ГРК Охрид денеска соопшти дека шпанскиот ракометар Ориол Реј Моралес повеќе не е член на клубот

Прегледи:

Датум:

ГРК Охрид денеска соопшти дека шпанскиот ракометар Ориол Реј Моралес повеќе не е член на клубот.

Иако клубот не сакал да се раздели со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот била активирана излезната клаузула, а полскиот шампион Висла Плоцк го откупил неговиот договор.

„Му благодариме на Ориол за посветеноста и придонесот во дресот на ГРК Охрид и му посакуваме успех и во понатамошната кариера“, стои во соопштението на охриѓани.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...