Сан Антонио Спарс ги победија Минесота Тимбервулвс со 115-108 во третиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција во Минесота и поведоа со 2-1 во серијата, предводени од Виктор Вембањама, кој имаше импресивни 39 поени, 15 скока и 5 блокади, доминирајќи и во нападот и во одбраната.
Французинот погоди 13 од 18 шутеви од поле и 10 од 12 слободни фрлања, поставувајќи го темпото од самиот почеток. Спарси го отворија натпреварот со жестока серија од 18-3, а Вембањама постигна девет поени за нешто повеќе од четири минути во првата четвртина, со две забивања на асистенции од Девин Васел и Стефон Касл, а Тимбервулвс успеаја да ја намалат разликата на 23:22 на крајот од првата четвртина благодарение на ko[ot на Ентони Едвардс.
Најефикасни играчи за Спарс, покрај Вембањама, беа Диерон Фокс со 17 поени, Стефон Касл додаде 13 поени и 12 асистенции, додека Девин Васел исто така постигна 13 поени. Келдон Џонсон, шестиот најдобар играч во лигата, додаде 11 поени.
Од друга страна, најдобар играч за домашниот тим беше Ентони Едвардс, кој постигна 32 поени, со 14 скока и 6 асистенции, а најдобрата помош дојде од Наз Рид, кој постигна 18 поени од клупата, имаше 9 скока, пет асистенции и две блокади.
Џејден МекДениелс и Џулиус Рендл постигнаа 17 и 12 поени, соодветно, но нивните мизерни 5/22 и 3/12 шутеви од поле дефинитивно ги чинеа многу Тимбервулвс во овој натпревар.


