Прижмиќ: Го победив мојот идол, никогаш нема да го заборавам тоа

Дино Прижмиќ вчера во Рим го победи Новак Ѓоковиќ, а по мечот, со многу убави и одбрани зборови, тој раскажа како успеа да надигра еден од најголемите тенисери на сите времиња

Прегледи:

Датум:

Дино Прижмиќ вчера во Рим го победи Новак Ѓоковиќ, а по мечот, со многу убави и одбрани зборови, тој раскажа како успеа да надигра еден од најголемите тенисери на сите времиња.

– Ова беше голем момент за мене, беше феноменално да го споделам теренот со легенда, за која можам да кажам дека играше неверојатно – рече 20-годишниот Хрват кој ја зазема 79-та позиција на светската листа, најдобрата во неговата кариера.- Знам дека Новак не играл долго време, затоа ми беше полесно, иако ве уверувам дека сепак беше многу тешко. Особено во првиот сет во кој играше извонредно.

По убедливиот прв сет за Ѓоковиќ, малкумина се сомневаа дека ќе се случи таков пресврт.

– Од моментот кога поведе, се обидов да останам во натпреварот, да ја задржам концентрацијата и на крајот се исплатеше. Не знам ни како успеав, само сакав да уживам во секој момент на теренот – го опиша успехот со 2:6, 6:2, 6:4.

По подвигот, му оддаде почит на својот голем противник.

– Чувството по таков триумф е навистина одлично. Немам зборови. Никогаш не помислив дека можам да го победам. Имам голема почит кон Новак, тој е мој идол. Сега морам да го сварам тоа, бидејќи следниот натпревар ме чека за два дена. Морам да бидам подготвен за тој следен предизвик – додаде Прижмиќ, кој со овој подвиг најави продолжување на традицијата дека неговиот град произведува врвни асови.

Тој е од Сплит, и речиси нема генерација од овој град која не произведела еден одличен играч – од Никола Пилиќ, преку Жељко Франуловиќ и Горан Иванишевиќ до Мариј Анчиќ, а сега Прижмиќ би можел да ја продолжи таа традиција.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...