Ефремовски: Резултатот што го постигнавме против Луксембург за само неколку дена работа со новиот селектор е за почит

„Немавме многу време за работа со селекторот, но тој паметно го искористи секој момент и резултатот што го постигнавме за само неколку дена е навистина за почит. Одиме напред, чекор по чекор“.

Прегледи:

Датум:

„Немавме многу време за работа со селекторот, но тој паметно го искористи секој момент и резултатот што го постигнавме за само неколку дена е навистина за почит. Одиме напред, чекор по чекор“.

Ова го изјави репрезентативецот Виктор Ефремовски по победата над Луксембург, која беше прва за новиот селектор Жозеп Мариа Берокал на чело на „црвено-жолтите“ и вкупно трета за Македонија во претквалификациите за ЕП 2029.

Бекот шутер е задоволен од својот индивидуален ефект. Откако влезе во игра, во краток временски период испорача десет поени, и даде силен придонес во креирањето на двоцифрената предност.

„Задоволен сум од мојата игра и од играта на останатите, сите вложивме голем труд. Сега фокусот е на она што следи, дуелот со Азербејџан, и очекувам уште подобро наше издание во Баку“, порача Ефремовски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...