Фенербахче и Олимпијакос поведоа во плејоф серијата на Евролигата

Кошаркарите на Фенербахче поведоа со 1-0 во победи против Жалгирис во плејоф серијата на Евролигата, откако славеа со 89:78 (22:20, 25:9, 18:28, 24:21) на домашен терен во Истанбул.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарите на Фенербахче поведоа со 1-0 во победи против Жалгирис во плејоф серијата на Евролигата, откако славеа со 89:78 (22:20, 25:9, 18:28, 24:21) на домашен терен во Истанбул.

Фенербахче го предводеше Тарик Биберовиќ со 16 поени, потоа Вејд Болдвин со 17, Тејлен Хортон-Такер со 15 и Нико Мели со 13 поени.

Најефикасни играчи за Жалгирис беа Најџел Вилијамс-Гос со 24, Мозес Рајт со 19 и Силван Франциско со 15 поени.

Плејоф серијата се игра до три победи, а следниот натпревар ќе се игра на 28 април, повторно во Истанбул.

Кошаркарите на Олимпијакос поведоа со 1-0 во победи против Монако во плејоф серијата на Евролигата, откако славеа со 91:70 (19:20, 26:16, 21:15, 25:19) на домашен терен во Атина.

Најефикасен играч за Олимпијакос беше Саша Везенков со 20 поени, а потоа следуваа српскиот интернационалец Никола Милутинов со 13 поени и 10 скока и Кори Џозеф и Еван Фурние со по 13 поени.

За Монако, Мајк Џејмс со 19 и Алфа Дијало со 15 поени беа подобри од другите.

Следниот натпревар ќе се игра на 28 април, повторно во Атина.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...