Франциско го добива најголемиот договор во историјата на француската кошарка!

Силван Франциско ќе стане нов играч на Асвел! Плејмејкерот на Жалгирис ќе го потпише најголемиот договор во историјата на француската кошарка.

Прегледи:

Датум:

Силван Франциско ќе стане нов играч на Асвел! Плејмејкерот на Жалгирис ќе го потпише најголемиот договор во историјата на француската кошарка.

Според „Еурохuпс“, се очекува Франциско да се приклучи на тимот од Вилербан, каде што ќе заработува дури 4.000.000 евра по сезона. Не само што тоа ќе биде најголемиот договор досега во Франција, туку ќе го постави и на четвртото место во Евролигата кога станува збор за најплатени играчи. Само Саша Везенков (Олимпијакос), Кендрик Нан (Панатинаикос) и Василије Мициќ (Хапоел Тел Авив) се пред францускиот кошаркар.

Ставрос Барбарусис (Еурохупс) пишува дека Французинот треба да потпише повеќегодишен договор, но сè уште не е познато дали ќе биде на две или три години. Франциско доаѓа во Асвел откако беше избран во идеалната петорка на Евролигата и по фантастична сезона во дресот на Жалгирис.

Играјќи за литванскиот клуб, плејмејкерот забележа 16,5 поени, 6,5 асистенции и 2,9 скока во Евролигата. Тој беше еден од најзаслужните за добрите настапи на тимот од Каунас во елитното европско натпреварување и за пласманот во плејофот.

Несомнено е дека Асвел ќе изгледа многу посериозно следната сезона. Заедно со Франциско, се споменуваат и засилувања како Тимоти Луваву Кабаро, како и потенцијално засилување од НБА во лицето на Гершон Јабусуле.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...