Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека буџетот на израелскиот клуб е дури 70 милиони евра, истакнувајќи дека трошоците се значително повисоки поради играњето надвор од Израел, даночните обврски и ограничувањата на бројот на странски играчи во домашното првенство.

Прегледи:

Датум:

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека буџетот на израелскиот клуб е дури 70 милиони евра, истакнувајќи дека трошоците се значително повисоки поради играњето надвор од Израел, даночните обврски и ограничувањата на бројот на странски играчи во домашното првенство.

„Ако се обидете да споредите, на пример, што би значело ако го имав овој тим во Грција, во Атина, да речеме дека Хапоел е третиот тим во Атина, тогаш веројатно би бил околу 55 милиони евра“, рече Јанаи.

Три главни причини ја прават разликата.

„Прво, треба да имаме втора база во Софија. Тоа ги зголемува трошоците. Второ, оданочувањето во Израел е поголемо отколку во Грција.“

Третата причина се прописите во израелското првенство.

„Дозволени се само пет странци. Тоа значи дека ви требаат повеќе играчи само за да се натпреварувате во израелската лига“, истакнува Јанаи.

Хапоел има скор од 4-2 во Евролигата и моментално е шести на табелата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...