Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција. Проектот на Министерството за спорт е предвиден во рамките на Програмата за изградба, реконструкција и санација на спортски објекти за 2026 година, соопшти министерот Борко Ристовски.
Салата е наменета за одржување спортски и рекреативни активности во повеќе спортови, меѓу кои ракомет, куглање, одбојка, кик-бокс, борење и мал фудбал.


