Интервју со Ѓуроски: Ако не вложуваме во младите, тренерите и инфраструктурата, нема да создадеме кошаркари

Мора да бидеме искрени – без системска поддршка од државата и без поголема вклученост на приватниот сектор, овој проблем нема да се реши сам од себе вели во интервју за Контра Младен Ѓуровски, актуелен потпретседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ).

Прегледи:

Датум:

Дел од клубовите во МТЕЛ лигата се соочуваат со реални финансиски проблеми, вклучително и доцнење на исплати. Тоа не може и не смее да се игнорира. Но, исто така мора да бидеме искрени – без системска поддршка од државата и без поголема вклученост на приватниот сектор, овој проблем нема да се реши сам од себе вели во интервју за Контра Младен Ѓуроски, актуелен потпретседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ).

Во изминатите единаесет месеци, откако новото раководство ја презеде Кошаркарската федерација, вели дека затекнале состојба која барала „итна и сериозна интервенција“.

-Наследивме значителен број на неизмирени обврски, недовршени финансиски конструкции и преземени обврски за настапи и организација на настани, за кои средствата веќе биле потрошени, а одговорноста останала, истакнува Ѓуроски.

Македонската кошарка, истакнува тој, не може да оди напред без „инвестиции во основата“.

– Ако не вложуваме во младите, во тренерите и во инфраструктурата, нема да создадеме играчи. Долго време се потпиравме на импровизации и краткорочни решенија. Тоа повеќе не е одржливо, порача Ѓуроски.

Младен Ѓуроски

Следниот месец се навршува една година откако дојде ново раководство на чело на Кошаркарската репрезентација. Што се промени оттогаш?

– Во изминатите единаесет месеци, откако го презедовме раководењето со Кошаркарската федерација, затекнавме состојба која бараше итна и сериозна интервенција. Наследивме значителен број на неизмирени обврски, недовршени финансиски конструкции и преземени обврски за настапи и организација на настани, за кои средствата веќе биле потрошени, а одговорноста останала. Тоа не е нешто што може да се реши со декларации – туку со конкретна и дисциплинирана работа. Нашиот прв чекор беше да воведеме ред. Да ги расчистиме обврските, да поставиме јасни правила и да ја стабилизираме федерацијата. Паралелно, почнавме и со суштински промени – ја вративме младинската лига до 20 години, ја редефиниравме лигашката структура и воведовме баланс во однос на странските играчи. Супер лигата ја направивме покомпактна и поконкурентна, со јасна цел – квалитет пред квантитет

Во однос на инвестициите, каде треба македонската кошарка најмногу да засили?

– Мора отворено да се каже – македонската кошарка не може да оди напред без инвестиции во основата. Ако не вложуваме во младите, во тренерите и во инфраструктурата, нема да создадеме играчи. Долго време се потпиравме на импровизации и краткорочни решенија. Тоа повеќе не е одржливо. Затоа, нашиот фокус е јасен: систем, дисциплина и развој. Веќе почнавме да создававме услови домашните играчи да добијат повеќе простор, затоа што без нив нема иднина. Ограничувањето на странците во одредени сегменти не е случајно – тоа е порака дека мора да произведуваме сопствен квалитет.

Дел од клубовите во МТЕЛ лигата се соочуваат со проблеми, конкретно тука е случајот со исплата на плати на кошаркарите на КК Работнички. Играчите и стручниот штаб ги нападнаа раководството и градоначалникот Герасимовски. Каде гледате излез од ситуацијата?

– Во однос на клубовите, ситуацијата е сериозна. Дел од нив се соочуваат со реални финансиски проблеми, вклучително и доцнење на исплати. Тоа не може и не смее да се игнорира. Но, исто така мора да бидеме искрени – без системска поддршка од државата и без поголема вклученост на приватниот сектор, овој проблем нема да се реши сам од себе. Федерацијата не може сама да го носи целиот товар

Репрезентацијата забележа две победи во претквалификациите, пристигна и нов селектор. Очекувате ли продолжување на серијата и повторно пласман на едно ЕП?

– Репрезентацијата направи позитивен чекор со двете победи во претквалификациите и со ангажманот на нов селектор. Тоа е сигнал дека има потенцијал. Но, не сакам да создаваме нереални очекувања – враќањето на Европско првенство е процес, а не момент. За тоа е потребна стабилна база и континуитет

Како ја гледате ситуацијата, очекувате ли оваа генерација на кошаркари да ги достигне „златните времиња“ кога освоивме четврто место на ЕП и што треба да се направи за тоа повторно да се случи?

-Кога зборуваме за „златните времиња“, мора да бидеме реални. Тие резултати беа исклучок, не правило. Денес сме во фаза кога повторно го градиме системот од почеток. Ако сакаме повторно да бидеме на тоа ниво, мора да работиме посериозно, подисциплинирано и долгорочно

Фото: Младен Ѓуроски

Дали на репрезентацијата на Македонија и се потребни толку странци, колку е тоа показател за немање доволно талент за бранење на боите на земјава?

– Прашањето за странците не треба да се гледа црно-бело. Тие носат квалитет, но ако го затворат просторот за домашните играчи – тогаш правиме штета сами на себе. Затоа воведовме баланс. Во иднина, кога условите ќе бидат подобри и клубовите посилни, подготвени сме да го отвориме моделот и да се доближиме до регионалните натпреварувања како АБА, но тоа мора да биде одржливо, а не декларативно

Регионалните натпреварувања засега се единствен начин за промоција на македонската клупска кошарка. Како стоиме во однос на другите земји во регионот, исклучувајќи ја Србија, која е недостижна во моментов по секој показател?

– Во регионот, освен Србија која е далеку пред сите, останатите земји се соочуваат со слични проблеми. Тоа значи дека има простор, но и дека конкуренцијата е реална. Ние мора да се избориме за своето место преку работа, а не преку споредби.

Како ја гледате иднината на македонската кошарка?

– Иднината на македонската кошарка зависи од тоа дали ќе продолжиме со овој пристап – искрено, системски и без компромиси со квалитетот. Ако се вратиме на старите навики, резултатите ќе бидат исти. Ако останеме доследни, убеден сум дека ќе има напредок. Јас сум умерен оптимист – не затоа што е лесно, туку затоа што конечно се работи на вистинските работи.

В.З.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...