Јакимовски е најефикасен кошаркар во репрезентацијата на Македонија во претквалификациите

Андреј Јакимовски е најефикасниот играч во машката сениорска репрезентација на Македонија по четири одиграни кола од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Прегледи:

Датум:

Андреј Јакимовски е најефикасниот играч во машката сениорска репрезентација на Македонија по четири одиграни кола од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Крилото досега постигна 90.поени, најмногу во двете одиграни фази во оваа конкуренција, што е просек од 22.5 поени по натпревар. На тој начин, Јакимовски е на 4. место во вкупниот поредок кај поентерите.

Засега, лидер е натурализираниот Американец во селекцијата на Ерменија. Андре Спајт кој е на просек од 33.5 поени, пред Бен Ковач од репрезентацијата на Луксмебург, кој има 26, или колку и Давид Де Џулиус (Словачка).

На Етан Хап му беа потребни само два натпревари да дојде до второто место на листата на најдобрите скокачи во овие претквалификации. На двете средби со селекциите на Луксембург и Азербејџан собра 23 скока, или во просек по 11.5, кој го става на втората позиција, зад Јура Меликуан (Ерменија), кој има 12.7 скока по меч.

Хап е и најдобриот блокер во оваа фаза од натпреварувањето, засега е на просек од 2.5 блокади по натпревар.

Во онаа класификација на корисност, Етан Хап е на 4 позиција, има 22.5 индексни поени во просек, а веднаш зад неговиот, е ефектот на Андреј Јакимовски, кој има 22.3.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...