Јакимовски пред дуелот со Луксембург: „Треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра, нашата хемија“

Прегледи:

Датум:

Играчот на италијански Тренто, Андреј Јакимовски максимално подготвен го дочекува новиот собир на кошаркарските репрезентативци, откако порача дека тимот треба да продолжи да ја гради тимската игра, како и меѓусебната хемија.

Смета дека со помош на новиот селектор, Жозеп Мариа Берокал треба да се постави тој систем на игра.

„Краток е периодот за подготовка, ама мислам дека ќе успееме. Досега не сме играле со Луксембург. Имаат доста добри играчи, Очекувам добар натпревар, а нашиот фокус е само на нас. И да ја подобриме нашата игра како што го направивме тоа во претходниот циклус“, потенцира Јакимовски, цитиран од КФСМ.

Ги сподели и впечатоци околу соработката со новиот селектор.

„Како што селекторот кажа, сака брза игра, игра во транзиција. Поставиме неколку напади, поставивме и систем во одбрана. Со интенција да имаме брза игра. Да, периодот за тоа е краток. Не може да се постават повеќе работи во овие три-четири дена. Се надевам дека во наредниот циклус за време на летниот период ќе може да тренираме повеќе и селекторот да го постави својот стил на игра“, изјави Јакимовски.

Дуелот ќе се одигра во петок навечер, од 18.часот, во салата „Градски парк“ во Скопје.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...