Јанис сруши рекорд на Оскар Робертсон

Јанис Антетокумпо, кошаркар на Милвоки Бакс, постигна уште еден голем успех во најсилната лига во светот

Прегледи:

Датум:

Јанис Антетокумпо, кошаркар на Милвоки Бакс, постигна уште еден голем успех во најсилната лига во светот.

Кошаркарите на Милвоки Бакс ги победија Индијана Пејсерс со резултат од 134:123 во недела навечер и конечно направија нешто добро во сезоната.

До триумфот ги предводеше нивниот најдобар играч Јанис Антетокумпо, кој постигна 31 поен, имаше 14 скока и 8 асистенции и влезе во историјата на НБА.

Јанис на тој начин го „прескокна“ Оскар Робертсон со 159 натпревари во кариерата во кои имаше најмалку 30 поени, 10 скока и 5 асистенции и е прв на вечната листа со таква статистика.

Јанис одигра само 35 натпревари оваа година поради проблеми со повреди, што е веројатно клучната причина зошто се на 28-39 и на 11-то место на Истокот.

„Грчкиот чудак“ има просек од 27,8 поени, 9,7 скока и 5,5 асистенции оваа сезона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...