Карлик Џонс останува во Партизан

Американскиот плејмејкер Карлик Џонс останува во Партизан. Како што дознава Спортклуб, двете страни се согласиле за двегодишен договор вреден 5 милиони долари

Прегледи:

Датум:

Американскиот плејмејкер Карлик Џонс останува во Партизан. Како што дознава Спортклуб, двете страни се согласиле за двегодишен договор вреден 5 милиони долари.

Според порталот, јужносуданскиот интернационалец ќе има загарантирани 2,5 милиони евра по сезона со опција за продолжување на договорот за уште една година.

Откако Карлик Џонс се опорави од повредата, Партизан целосно се трансформираше и моментално е во серија од шест победи во Евролигата.

Не само тоа, Џонс беше МВП на Евролигата во март и има просек од 16 поени, 2,8 скока и 4,9 асистенции.

Карлик му помогна на Партизан да ја победи Црвена Звезда во неодамна завршеното вечно дерби, откако реализираше 26 поени, 4 скока и 2 асистенции, а имаше и клучни поени во последните минути од натпреварот со кои ги дотолчи „црвено-белите“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...