📸🎥 Сити го понижи Ливерпул, Халанд ги уништи ривалите со три гола

Фудбалскиот свет попладнево беше сведок на тоталната доминација на Манчестер Сити, кој го декласираше Ливерпул со 4-0 во четвртфиналето од ФА Купот на „Етихад“.

Прегледи:

Датум:

Фудбалскиот свет попладнево беше сведок на тоталната доминација на Манчестер Сити, кој го декласираше Ливерпул со 4-0 во четвртфиналето од ФА Купот на „Етихад“.

Иако Пеп Гвардиола го гледаше натпреварот од трибините поради суспензија, неговиот тим изгледаше беспрекорно, а херој на денот беше незапирливиот Ерлинг Халанд.

Натпреварот беше решен во блицкриг кој траеше од крајот на првото до почетокот на второто полувреме. Халанд го потврди својот статус на еден од најдобрите напаѓачи на планетата, постигнувајќи го својот 12-ти „хет-трик“ во дресот на „Граѓаните“. Четвртиот гол за Сити го постигна Семењо.

Ливерпул изгледаше непрепознатливо, а симбол на нивната немоќ беше промашениот пенал на Мохамед Салах во 64-тата минута. По прекршокот на Матеус Нуњез врз Екитике, Салах имаше можност да го намали резултатот. Голманот на Сити, Џејмс Трафорд, брилијантно ја прочита намерата на Египќанецот, се фрли лево и го запре ударот што отиде во долниот десен агол.

Со оваа победа, Манчестер Сити го продолжува својот поход за одбрана на трофејот, додека Ливерпул, предводен од Арне Слот, ќе мора да бара одговори за многу тешкио пораз на крајот од сезоната.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...