📽️Ќе има мајсторка: Спарс го одведоа финалето на Западот во седми натпревар

Кошаркарскиот тим на Сан Антонио убедливо го победи Оклахома Сити со 118:91, со што се избори за решавачкиот седми натпревар во финалето на Западната конференција на НБА

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот тим на Сан Антонио убедливо го победи Оклахома Сити со 118:91, со што се избори за решавачкиот седми натпревар во финалето на Западната конференција на НБА.

Спарси наметнаа препознатлив ритам од самиот почеток, контролирајќи ја играта и уништувајќи ги своите ривали со енергија, а клучниот удар го зададоа во третата четвртина кога целосно ги дотолчија Тандер со серија од 20:0.

Тимот од Тексас до триумфот ги предводеше незапирливиот Виктор Вембањама, кој го заврши натпреварот со 28 поени, 10 скока и три блокади.

Тој имаше одлична поддршка од младите бекови – Дилан Харпер додаде 18 поени со шест скока, додека Стефон Касл беше блиску до дабл-дабл со 17 поени и девет асистенции.

Во поразениот табор, нападот на Оклахома целосно потфрли, а најефикасен беше Шај Гилџус-Александар со скромни 15 поени.

Џаред Мекејн постигна 13, Кејсон Волас 11, додека Чет Холмгрен имаше дабл-дабл од 10 поени и 11 скока.

Одлучувачкиот натпревар за местото во финалето на НБА е закажан за недела во 2:00 часот наутро, а домаќин е Оклахома.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...