КФМ: Еден клуб не ги исполни условите за елитната лига

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската федерација на Македонија соопшти по завршувањето на постапката за лиценцирање, како и по истекот на рокот за поднесување жалби во делот на исполнување на обврските поврзани со финансиската дисциплина, е констатирано дека еден клуб не ги исполнил условите предвидени со важечките акти на Федерацијата за настап во највисокиот степен на натпреварување во сезоната 2026/2027.

Во согласност со одредбите од Правилникот за лиценцирање и останатите важечки прописи на Кошаркарската федерација на Македонија, Федерацијата ќе отвори рок за пријавување на заинтересирани клубови во периодот од 10 до 20 август 2026 година.

Во наведениот рок, право на поднесување пријава има секој клуб кој смета дека ги исполнува сите услови предвидени со правилниците на Федерацијата за учество во највисокиот ранг на натпреварување, вклучително и организациските, инфраструктурните, финансиските и сите останати критериуми утврдени со прописите.

Воедно, ја информираа спортската јавност дека, согласно важечките правилници на Кошаркарската федерација на Македонија, фактот што еден клуб не ги исполнил условите за лиценцирање не создава автоматско право за промоција на следнопласираните клубови од Првата лига. Тоа е така бидејќи првопласираниот клуб од Првата лига, кој според спортскиот резултат стекнал право на настап во Супер лигата, не се откажува од тоа право и ќе биде дел од највисокиот степен на натпреварување во сезоната 2026/2027.

Поради тоа, доколку некој од останатите клубови од Првата лига сака да конкурира за учество во Супер лигата, покрај исполнувањето на сите останати услови пропишани со правилниците на Федерацијата, ќе треба да ја прифати и обврската за уплата на лиценца во соодветен претходно утврден износ, согласно важечките прописи.

По истекот на рокот за пријавување, Комисијата за лиценцирање ќе изврши проверка на исполнетоста на сите услови од страна на пријавените клубови, по што Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија ќе донесе конечна одлука согласно важечките прописи.

Кошаркарската федерација на Македонија останува доследна на определбата за целосно почитување на принципите на финансиска дисциплина, еднаков третман на сите клубови и доследна примена на правилниците, со цел понатамошно унапредување на квалитетот, стабилноста и кредибилитетот на македонската кошарка.

За сите понатамошни чекори поврзани со комплетирањето на системот на натпреварување за сезоната 2026/2027, како и за конечниот состав на клубовите кои ќе учествуваат во натпреварувањата организирани од Кошаркарската федерација на Македонија, јавноста ќе биде навремено информирана, веднаш по завршувањето на оваа постапка.

Што се однесува до останатите натпреварувања кои се опфатени со системот на лиценцирање, постапката за разгледување на доставената документација е во тек.

По нејзиното завршување, Кошаркарската федерација на Македонија ќе ги објави соодветните одлуки во наредниот период.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ФИФА негира дека Инфантино му ветил на Мароко дека ќе биде домаќин на Светското првенство во 2030 година

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги негираше тврдењата дека нејзиниот...

🎥📸 Секулиќ промовиран во Барса: „Ќе биде потребно време, но имаме талент и квалитет“

Александар Секулиќ официјално го започна своето патување во Барселона....

Реал му даде нова понуда на Винисиус, но можеби и таа нема да биде доволна

Раководството на Реал Мадрид денес му даде нова понуда...

Киву: Во моментов не сме загрижени за резултатите, важно е да ја подобриме нашата физичка подготвеност

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, нагласи дека неговиот тим...