Квалификации за ЕП 2028: Македонија со убедлива победа против Луксембург

Македонската ракометна репрезентација успешно го започна квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2028 година. Избраниците на Кирил Лазаров вечерва во Скопје го совладаа Луксембург со убедливи 41-23, најавувајќи дека сериозно ќе се борат за место на континенталниот собир.

Прегледи:

Датум:

Македонската ракометна репрезентација успешно го започна квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2028 година. Избраниците на Кирил Лазаров вечерва во Скопје го совладаа Луксембург со убедливи 41-23, најавувајќи дека сериозно ќе се борат за место на континенталниот собир.

Домашните ракометари уште од почетокот ја презедоа контролата врз натпреварот и не му дозволија на противникот да се надева на изненадување. Македонија на полувремето имаше двојно повеќе голови од Луксембург, водеше со 20-10, а во продолжението дополнително ја зголеми предноста.

Костески постигна шест гола , а Петковски и Серафимов со по пет. Новиот репрезентативец, Горига, се истакна со три погодоци.

Победата е важна не само поради освоените бодови, туку и поради самодовербата што ја носи пред следниот предизвик. Во групата 8, покрај Луксембург, се наоѓаат и селекциите на Шведска и Грција, па секој добар резултат може да има значење во трката за пласман.

За Македонија ова е и продолжување на позитивната традиција против Луксембург. Нашата репрезентација ги доби и претходните шест меѓусебни дуели, а вечерва ја потврди фаворитската улога со уште една убедлива претстава.

Следниот натпревар од квалификациите македонските ракометари ќе го одиграат в недела, кога ќе гостуваат кај Грција во Халкида. Тој дуел ќе биде значително поголем тест за избраниците на Лазаров и можност да го потврдат добриот старт на патот кон Европското првенство во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Милан го враќа Адидас на дресовите, ќе земе 500.000.000 евра

Милан ќе се врати кај Адидас од сезоната 2028/29...

Се огласи Овоно по смртта на Де Мигел: Ова се најтешките денови во мојот живот

Голманот на Андора, Хесус Овоно, кој беше вмешан во...

📽️ Изненадување во ЛШ: Фенербахче го победи Ливерпул по голем пресврт

Фудбалерите на Фенербахче направија драматичен пресврт и го победија...