Кожув ја заврши сезоната со победа против ТФТ

Вториот дел од „МТЕЛ“ Супер лигата, фазата ТОП 6, официјално е затворен со натпревар во Гевгелија, во кој екипата на Кожув го победи актуелниот лидер на табелата – ТФТ со 91:79.

Прегледи:

Датум:

Вториот дел од „МТЕЛ“ Супер лигата, фазата ТОП 6, официјално е затворен со натпревар во Гевгелија, во кој екипата на Кожув го победи актуелниот лидер на табелата – ТФТ со 91:79.

И покрај поразот на ова гостување, ТФТ ја задржа првата позиција на табелата, и ќе игра во полуфиналето на плеј-офот со екипата на Маџари, додека Кожув ја завршува сезоната како петтопласиран тим со скор 14-13.

Тренерот на скопскиот тим, Боро Смилковски, во пресрет на обврските кои ги имаат во полуфиналето на плеј-офот, но и во бараж-мечевите, со екипата на Борац од Чачак во АБА-2 лигата, одлучи да ги остави на клупата сите четири странски кошаркари и им даде шанса на оние кои поголемиот дел од сезоната беа резерви.

На другата страна, тренерот Љупчо Малинков се реши Боувен и Пурвис да стартуваат, но потоа ги повлече, додека Николас воопшто не беше ниту во записникот за овој последен натпревар за екипата на Кожув во сезоната.

Во екипата на Кожув, капитенот Бојчев реализираше 16 поени, а еден поен помалку имаше Василевски. Кај ТФТ, Ташовски финишираше со 24 поени, пет скока и три асистенции, а Стојанов постигна 19 поени и седум асистенции.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...