Ројевиќ: Пишуваме историја, се надевам дека ќе се пласираме во финалето

Ракометарите на ГРК Охрид утре од 19 часот во салата „Билјанини Извори“ ќе го одиграат реваншот од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп против Целје. Првиот меч во Словенија заврши 27:26 за домашната екипа

Прегледи:

Датум:

Ракометарите на ГРК Охрид утре од 19 часот во салата „Билјанини Извори“ ќе го одиграат реваншот од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп против Целје. Првиот меч во Словенија заврши 27:26 за домашната екипа.

Тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ на прес-конференција во пресрет на утрешниот меч изјави дека очекуваат тежок реванш, но дека ракометарите едвај чекаат да започне мечот.

„Целје е најталентирана екипа во Европа. Пред нас е тешка задача. Се надевам на добра атмосфера во салата, дека охридската публика ќе биде како таа во Целје и е помогне. На првиот меч го запревме Целје на 27 гола, тие цела сезона даваа 35-40 голови. Пишуваме историја, свесни сме и се надевам дека ќе се пласираме во финалето“, рече тренерот на Охриѓани пред утрешниот меч.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...