Куманово го победи Работнички и ја задржа првата позиција во плеј-аут

Во последниот натпревар од 4.коло од Плеј-аут лигата, кошаркарите на МКК Куманово го совладаа Работнички со 90:73 (53:37). Со оваа победа, тие ја вратија првата позиција во овој натпреварувачки сегмент од „МТЕЛ“ Супер лигата

Прегледи:

Датум:

Во последниот натпревар од 4.коло од плеј-аут лигата, кошаркарите на МКК Куманово го совладаа Работнички со 90:73 (53:37). Со оваа победа, тие ја вратија првата позиција во овој натпреварувачки сегмент од „МТЕЛ“ Супер лигата.

Домашниот тим постојано беше во водство, кое го изгради уште во првата четвртина и до крајот го одржуваше без посебни проблеми.

Стевановиќ имаше 26 поени, осум асистеннци и седум скока, Луковиќ го заврши овој меч со двоен ефект од 15 поени и 13 скока.

Во екипата на Работнички, која веќе го обезбеди опстанокот во најелитното натпреварување, Рикиќ запиша 30 поени и 11 скока.

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

ПЛЕЈ-АУТ

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Ангели – Гостивар 80:94
Чаир 2030 – Феникс 2010 76:63
МКК Куманово – Работнички 90:73

ТАБЕЛА

1.МКК Куманово 26 14 12 2140:2061 40
2.Чаир 2030 26 13 13 2112:2175 39
3.Работнички 26 11 15 2159:2123 37
4.Феникс 2010 26 9 17 2049:2117 35
5.Гостивар 26 8 18 1961:2084 34
6.Ангели 26 2 24 1666:2296 28

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...