Американскиот кошаркар Лони Вокер е новиот член на Бешикташ, објави турскиот клуб.
Вокер потпиша негарантиран договор со Денвер вреден 3,3 милиони долари на почетокот на август. Целта беше да се врати во НБА по успешната сезона помината во Европа, но во текот на подготвителниот период не доби вистинска можност во тимот на Дејвид Аделман.
За време на предсезоната, тој одигра само два натпревари за Нагетси, со вкупно четири поени за 17 минути на паркетот, а пред неколку дена беше официјално ослободен.
Во тоа време, познатиот кошаркарски агент Мишко Ражнатовиќ објави дека американскиот бек е нов клиент на неговата агенција „Беобаскет“, што јасно укажуваше дека ќе бара вработување во Европа.
Бешикташ веднаш се наметна како прва опција, а договорот беше официјализиран денес.
Karşınızda, Lonnie Walker IV 💫 https://t.co/C1yJdkQbEY
— Beşiktaş Basketbol (@BJK_Basketbol) October 15, 2026


